Вести|

Во населеното место Горно Коњари вчера се изврши осветување на крстот кој се наоѓа во комплексот на црквата Св.Богородица. На осветувањето на крстот присуствуваше министерот за култура и туризам – Зоран Љутков, градоначалникот на Општина – Петровец Борче Митевски, претседателот на Совет на Општина Петровец – Блаже Никчевски, претставници од МПЦ како и голем број православни верници од Горно Коњари и од околните места. Свое обраќање пред присутните имаше градоначалникот Митевски кој на жителите од Горно Коњари им посака овој крст да им носи здравје, среќа, благосостојба и бериќет.

Comments are closed.

Close Search Window