Вести|

Со традиционална коледарска песна низ улиците на Петровец и Ржаничино, денеска се одржа празнична Бадникова литија, посветена на големиот православен празник Христовото раѓање – Божиќ.

Коледарската поворка, составена од повеќе од 150 коледарчиња, започна од црквата „Свети Ѓорѓија“ во Петровец и заврши во црквата „Света Троица“ во Ржаничино. Во текот на литијата, коледарчињата беа пречекани од градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски.

Заедно со претседателот на Советот на Општина Петровец, Жарко Крстевски, советничката Драгана Узелац и претставници од општинската администрација, на сите учесници во коледарската поворка им беа поделени пригодни коледарски дарови. Градоначалникот Митевски им ги честиташе божиќните празници и упати порака оваа вековна традиција да продолжи да се негува и да се пренесува на идните генерации.

Бадниковата поворка заврши во црквата „Света Троица“ во Ржаничино, каде што сите коледарчиња беа почестени со топол чај и доручек, во духот на заедништвото и празничната радост.

Comments are closed.

Close Search Window