Вести|

Во просториите на Општина Петровец се одржа 16-тата Седница на Советот за развој на Скопски плански регион со која претседаваше градоначалникот на Општиуна Петровец Борче Митевски.

На денешната седница беа усвоени сите предложени одлуки од страна на присутните градоначалници како што се Одлуката за утврдување на приоритетната листа на проекти за аплицирање до МЛС/Биро за регионален развој за 2024/25, се усвои финансискиот план за 2024 година на Центарот за развој на Скопски плански регион, а усвоен беше и Акциониот план за 2024 на Центарот за рзавој на СПР како и одлуката за отстапување на објект од проектот „Рехабилитација на регионалниот пат Маџари – Хиподром – Илинден“.

Comments are closed.

Close Search Window