Вести|

Денес се одбележа седумнаесетгодишнината од хеликоптерската несреќа во Катлановско Блаце, во која загинаа единаесет припадници од составот на воздухопловниот ВИНГ, кои се враќаа од мировната мисија АЛТЕА во Босна и Херцеговина.


По тој повод градоначалникот на Општина Петровец – Борче Митевски положи свежо цвеќе на спомен-обележјето на загинатите. Свежо цвеќе положија и делегација од Министерство за одбрана и Генералштабот на Армијата, составена од министерот за одбрана Владо Мисајловски, делегации од генералштабот на Армијата како членови од семејствата на загинатите припадници.
Во хеликоптерската несреќа, враќајќи се од мировната мисија АЛТЕА трагично ги изгубија животите потполковник Тони Спасовски, мајор Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, наредниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ и Александар Тасковски, водниците Мики Ивановски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељаноски.

Comments are closed.

Close Search Window