Градоначалникот на општина Петровец согласно член 99 став 1, член 107 став 13 и член 122 став 4 од Законот за животна средина („Службен весник на Р.М.“бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15 , 192/2015, 39/16 и 99/18), ја издава следната
О Б Ј А В А
на нацрт Б-интегрирана еколошка Дозвола
Согласно член 122 став 1 од Законот за животна средина (Службен весник на РМ 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/2015 и 99/18), до Градоначалникот на општина Петровец доставено е барање за издавање на Б-интегрирана еколошка Дозвола бр. 09-1122/1 од 20.07.2020 година.
Подносител на барањето:
,„БЕТОН АД”
Локација: ул. Миле Поп Јорданов, бр.32а, Карпош, Скопје
Адреса:
КП 2328, КО Средно Коњари, општина Петровец
– Површина Р=47.75 хектари
Категорија на инсталацијата:
Индустрија на минерали;
Нацрт Дозволата во печатена форма, ќе биде достапна на заинтересираната јавност во рок од 14 дена по објава во дневниот печат, во просториите на:
Општина Петровец, ул.1 бб с.Петровец
Секој работен ден од 09-13:00 часот.
Контакт телефон: 02/2562239.
Ве информираме дека Нацрт Дозволата ќе биде достапна и во електронска форма, на официјалната web страница на Општина Петровец – www.petrovec.gov.mk
Со почит,
Општина Петровец
Нацрт Б интегрирана еколошка дозвола | |
Објава на нацрт дозволата во весник Нова Македонија | |
Објава на нацрт дозволата во весник Лајм |