Градоначалникот на општина Петровец согласно член 99 став 1 од Законот за чивотна средина („Службен весник на Р.М.“ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18), ја издава следната:
О Б Ј А В А
на барање за Б – интегрирана еколошка дозвола
Согласно член 122 став 1 од Законот за животна средина („Службен весник на Р.М.“ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18), до Градоначалникот на општина Петровец доставено е барање за издавање на Б – интегрирана еколошка дозвола бр.09-58/1 од
12.01.2021 година.
Подносител на барањето:
Друштво за производство, сепарација на чакал и песок, превоз, трговија и услуги АРАДИКО КОП ДООЕЛ, с. Р’жаничино, општина Петровец
Адреса на локацијата: ул. 4, бр. 11, с. Р’жаничино, општина Петровец
Категорија на инсталација:
Прилог 2. Точка 3. Индустрија на минерали, 3.3. Стационарни бетонски бази со вкупен капацитет на силосите за бетон поголем од 50 m 3 , со проектиран капацитет 10.000 m 3 годишно.
Барањето за Б – интегрирана еколошка дозвола во печатена форма, ќе биде достапно на заинтересираната јавност во рок од 15 дена по објава во дневниот печат, во просториите на:
Општина Петровец
Ул.1 бб с. Петровец
Секој работен ден од 09:00 до 13:00 часот, Секторот за животна средина
Контакт телефон: 02/2562239
Ве информираме дека Барањето за Б – интегрирана дозвола ќе биде достапно и во електронска форма на официјалната web страница на општина Петровец.
Информации во врска со барањето заинтересираната јавност може да добие во општина Петровец на тел. 02/2562-239 или на e-mail: blazearsovski@yahoo.com.
Сите засегнати правни и физички лица во рок од 30 дена од денот на објавувањето на барањето имаат право да достават мислења и коментари во писмена форма до општина Петровец, ул. 1 бб, 1043 Петровец.
Општина Петровец
Градоначалник
Борче Митевски
Барање за Б-интегрирана еколошка дозвола | |
Објава во весник |