Вести|

Вечерва во ООУ „Кочо Рацин“ во Петровец се одржа Новогодишен базар, на кој учениците изложија голем број новогодишни украси, слатки и други рачно изработени производи. Настанот привлече значително присуство на родители и наставници, кои со своето учество дадоа поддршка на иницијативата.

На Новогодишниот базар присуствуваа и градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, како и претседателот на Советот на Општина Петровец, Жарко Крстевски. Тие купија дел од изложените производи, подготвени од учениците и нивните најблиски, со што ја поддржаа хуманитарната цел на настанот.

Средствата собрани од продажбата на изложените производи ќе бидат во целост донирани за хуманитарни цели, со што базарот доби дополнителна општествена вредност и значење.

Новогодишниот базар претставува пример за успешно вклучување на учениците, наставниците и родителите во активности кои ја поттикнуваат хуманоста, креативноста и заедништвото во локалната заедница.

Comments are closed.

Close Search Window