Вести|

Денес во Општина Петровец е во тек крводарителна акција, организирана во соработка помеѓу Општина Петровец и Црвениот крст на Македонија. Акцијата се одвива во општинската зграда и ќе трае до 13:00 часот.

Значителен број граѓани веќе ја потврдија својата хуманост преку доброволно дарување крв, со што дадоа директен придонес кон спасување човечки животи и зајакнување на здравствениот систем.

Општина Петровец упатува јавен повик до сите хумани граѓани кои се во можност, да се приклучат на акцијата и до 13:00 часот да се јават во пунктот во општинската зграда, во просторијата на матичното одделение.

Дарувањето крв е чин на хуманост и солидарност кој има непроценливо значење за заедницата.

Comments are closed.

Close Search Window