По повод претстојниот и најголем христијански празник Велигден, Општина Петровец организираше хуманитарна акција за социјално најранливата категорија на граѓани. На оваа категорија на лица беа поделени 95 хуманитарни пакети во сите населени места на територијата на општината.
Градоначалникот Боче Митевски заедно со претставниците од Советот на Општина Петровец посетија голем број на семејства и им поделија хуманитарни пакети со храна, за да можат достоинствено и скромно празничните денови да ги поминат со своите најблиски. Општина Петровец и градоначалникот Митевски долги години наназад традиционално секоја година организираат вакви хуманитарни акции, со цел да им се излезе во пресрет на оние граѓани на кои помошта им е од огромно значење.