Вести|

Нова германско-белгиска инвестиција од 20 милиони евра со можност за 110 вработувања, најави премиерот Христијан Мицкоски.

Нова инвестиција вредна 20 милиони евра доаѓа во Македонија. Германската компанија „Епсотех“, која во партнерство со белгиската „Аим“ ќе произведуваат елементи од автомобилската, железничката и здравствената индустрија и ќе вработат 110 лица. Премиерот Мицкоски имаше средба со менаџментот на германско-белгискиот конзорциум.

Објектот ќе биде лоциран во општината Петровец, надвор од технолошко-развојните зони и ќе го заживее тој регион.

Градоначалникот на општината Петровец, Борче Митевски, смета дека инвестицијата ќе го заживее регионот.

Градежните активности ќе почнат кон крајот на август. Компанијата за својот тим ќе бара и висококвалификувани стручни кадри.

Comments are closed.

Close Search Window