Вести|

Ве информираме дека Општина Петровец во кругот на општинската зграда постави шатор за донации во соработка со припадниците на АРМ каде граѓаните ќе може да донираат средства за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија. Сите заинтересирани граѓани кои се во можност да помогнат со ќебиња, облека, хигиенско-технички средства и други артикли, тоа ќе може да го направат денес од 12:00-16:00 часот, за време на викендот (сабота и недела) и понеделник од 08:00 до 16:00 часот.


Општина Петровец секогаш се приклучувала кон сите хуманитарни акции, со цел да помогне на сите оние на кои помошта им е од големо значење. Се надеваме дека и овој пат како и досега сите заедно ќе ја покажеме хуманоста на дело. Со нашите хуманитарни донации ќе помогнеме на нашите пријатели во Турција и Сирија полесно да ја пребродат катастрофалната ситуација настаната од земјотресот кој досега однесе преку 30.000 човечки животи.
Да реагираме најбрзо што можеме и да собереме колку што можеме повеќе донации и истите да ги испратиме што е можно поскоро на оние на кои оваа помош во моментов им е најнеопходна.

Comments are closed.

Close Search Window