
Градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, потпиша договор за изградба на нов Културен дом со фирмата изведувач „Цеацеон“ од Тетово. Градежните активности ќе започнат во наредните 3 до 4 дена, со што ќе се обезбеди нов современ простор за културни настани и активности во општината.
Покрај овој проект, беше потпишан и втор договор со фирмата „Пеко Текст“ за изработка на училишни униформи за сите 1.150 ученици во основните училишта на територијата на Општина Петровец. Униформите ќе бидат изработени до крајот на месец септември.
Со овие два значајни проекта, Општина Петровец продолжува континуирано да вложува во унапредување на културниот живот и во подигнување на образовниот стандард на учениците, со цел подобри услови и можности за идните генерации.