
Општина Петровец им го честита Денот на народното востание – 11 Октомври на сите граѓани на Република Македонија.
Овој значаен датум претставува симбол на борбата за слобода, достоинство и национално единство, кога македонскиот народ го започна отпорот против фашизмот и го трасираше патот кон создавање на слободна и независна држава.
На овој ден со гордост се потсетуваме на храброста, пожртвуваноста и идеалите на сите борци кои ги поставија темелите на современата македонска државност.
Општина Петровец останува посветена на негување на историското наследство и вредностите на слободата, правдата и единството.