
Општина Петровец ја известува јавноста дека категорично ги демантира лажните и злонамерни информации кои се појавија по гостувањето на градоначалникот Борче Митевски во емисијата „Лидер“, а во кои се тврди дека на територијата на општината наводно ќе се гради бегалски камп како резултат на договор помеѓу градоначалникот и премиерот на Република Македонија, г. Христијан Мицкоски.
Општината потенцира дека не постои, ниту некогаш постоел, ниту ќе постои било каков план или идеја за изградба на бегалски камп во Петровец.
Градоначалникот Борче Митевски останува доследен на својата заложба да ги штити интересите на граѓаните и да обезбеди безбедна, уредна и достоинствена средина за живот на сите жители.
Општина Петровец остро ги осудува обидите за ширење на дезинформации и политички спинови кои имаат за цел да ја нарушат довербата на граѓаните. Општината ќе продолжи со реализација на проектите насочени кон развој и унапредување на локалната заедница, со цел Петровец да остане модерно и безбедно место за живеење.