
Општина Петровец спроведе акција за чистење на патниот правец Ржаничино – Долно Коњари, во должина од 5000 метри.
Со оваа активност се отстранети наталожените отпадоци и вегетација покрај коловозот, со што значително се подобри безбедноста и прегледноста за сите учесници во сообраќајот кои го користат овој пат.
Акцијата претставува дел од редовните активности на Општина Петровец за одржување на локалната патна инфраструктура и обезбедување почиста и побезбедна животна средина за граѓаните.