
По повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ, Општина Петровец упатува искрени честитки до сите православни христијани.
Со желби за многу здравје, мир, среќа, љубов и бериќет, нека празничните денови бидат исполнети со духовна радост, сплотеност и топлина помеѓу семејствата и најблиските.
Божиќ претставува празник на надежта, човечноста и заедништвото, вредности кои се темел на силна и обединета заедница.
Честит Божиќ – Христос се роди.
