Градоначалникот на општина Петровец согласно член 99 став 1 од Законот за чивотна средина („Службен весник на Р.М.“ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18), ја издава следната:
О Б Ј А В А
на барање за Б – интегрирана еколошка дозвола
Согласно член 122 став 1 од Законот за животна средина („Службен весник на Р.М.“ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18), до Градоначалникот на општина Петровец доставено е барање за издавање на Б – интегрирана еколошка дозвола бр.09-65/1 од 12.01.2026 година.
Подносител на барањето:
Друштво за транспорт, трговија и услуги АЦЕ ТРАНС КОМПАНИ ДООЕЛ експорт импорт Скопје
Категорија на инсталација:
Прилог 2. Точка 3. Индустрија на минерали, 3.3. Стационарни бетонски бази со вкупен капацитет на силосите за бетон поголем од 50 m3, со проектиран капацитет 150 м3/h.
Нацрт Б – интегрирана еколошка дозвола во печатена форма, ќе биде достапно на заинтересираната јавност во рок од 14 дена по објава во дневниот печат, во просториите на:
Општина Петровец, Ул.1 бб с. Петровец , секој работен ден од 09:00 до 13:00 часот, Секторот за животна средина. Контакт телефон: 02/2562239
Ве информираме дека Барањето за Б – интегрирана дозвола ќе биде достапно и во електронска форма на официјалната web страница на општина Петровец.
ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ
Градоначалник,
Борче Митевски
