Вести|

Градоначалникот на Општина Петровец – Борче Митевски заедно со претседателот на Советот на Општина Петровец – Блаже Никчевски денес беа во населеното место Чифлик. Дојдоа на лице место за одблиску да се запознаат со текот на градежните активности поврзани со санацијата на улицата која води до ова населено место, бидејки на неколку места истата беше целосно уништена и им претставуваше проблем на возачите на моторни возила.

Со оваа санција и асфалтирањето на околу 300 метри од оваа приодна улица, овој проблем на возачите кои се движат кон населеното место Чифлик во целост ќе биде решен. Општина Петровец продолжува со планираните инфраструктурни проекти на целата територија на Општина Петровец.

Comments are closed.

Close Search Window