Вести|

Градоначалникот на Општина Петровец – Борче Митевски, заедно со пратеничката на Собранието на Република Македонија – Марија Петрушевска, претседателот на Советот – Блаже Никчевски како и дел од советниците, направија увид на дел од улицата која води до православните гробишта на Петровец, асфалтирана во должина од 300 метри.


На новоасфалтираниот паркинг простор пред муслиманските гробишта, поголема група на жители од на н.м. Ќојлија го пречекаа градоначалникот Митевски и му изразија голема благодарност за исполнетите ветувања. Тука жителите на Ќојлија ги истакнаа своите барања, мислења и предлози кои ќе им го подобрат и олеснат животот. Финасиските средства за овој проект во целост беа обезбедени од Буџетот на Општина Петровец. Општина Петровец продолжува со своите градежни активности и во останатите населени места на целата територија на општината.

Comments are closed.

Close Search Window