
Денес се заврши со асфалтирање на дел од патот Петровец – Огњанци во должина од 800 метри. Општина Петровец ја користи оваа прилика да се заблагодари на жителите од населено место Огњанци за трпението и разбирањето што го имаа цело време додека се оддвиваа градежните работи на патот. Ќе продолжиме да ја подобруваме патната инфраструктура и кон останатите населени места во Општина Петровец.