Вести|

Градоначалникот Борче Митевски ги предаде клучевите на директорот на ЈКП Петровец – Андрејчо Гроздановски, од објектот каде е сместена пумпата за вода која го снабдува населеното место Чифлик. По барањето на жителите на населеното место Чифлик за дополнително снабдување со вода бидејки во летниот период од годината имаа недостаток од вода, Општина Петровец направи нова втора бушотина која во целост го снабдува ова населено место.

На примопредавањето на клучевите од водоснабдителниот објект присуствуваа и пратеничката во Собранието на Република Македонија Марија Петрушевска како и претседателот на Советот на Општина Петровец Блаже Никчевски. Капацитетот на доток на вода е 2 литри во секунда. доволно за непречено снабдување на населението на населеното место Чифлик. Средствата за овој проект во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец.

Comments are closed.

Close Search Window