Општина Петровец на ЈКП Петровец му додели контејнери за смет со цел поставување на истите во населените места и пред станбени и јавни објекти каде за тоа има потреба.
Со набавката на контејнерите Општина Петровец вложува во одржувањето на што почиста и поздрава животна средина, а воедно градоначалникот Борче Митевски упатува порака до сите жители на Општина Петровец насобраниот смет и шут исклучиво да го одложуваат во поставените канти и контејнери за смет. Со тоа би помогнале да оставиме здрава и чиста животна средина како за нас така и за нашите поколенија.