Вести|

По повод празникот Духовден и Светото Тројство (Света Троица) кој го слават жителите на населеното место Ржаничино, на 04.06.2023 година (недела) се организираше фудбалски турнир „Фудбал, Забава, Дружба“. Учествуваа екипи на ветерани, сениори и јуниори кои на задоволство на присутните гледачи и љубители на фудбалот одиграа повеќе фудбалски натпревари.

На овој турнир прусуствуваше и градоначалникот на Општина Петровец – Борче Митевски, кој се обрати пред најмладите натпреварувачи и во спортски дух им посака успеси во фудбалот, да бидат упорни, да тренираат а резултатите се неизбежни. На крајот од натпреварот на победниците им подели пехари, награди и признанија а на останатите им посака повеке спортска среќа на наредните натпреварувања.

Comments are closed.

Close Search Window