Вести|

По повод утрешниот ден на шегата 1-ви април, денес се организираше првоаприлски маскенбал во сите училишта на територијата на Општина Петровец. Градоначалникот Борче Митевски заедно со директорката на ООУ „Кочо Рацин“ од Петровец – Виолета Јаневска, како и дел од советниците од Советот на Општина Петровец, присуствуваа на маскенбалот кој се организираше во дворот на училиштето, каде на сите учесници на овој маскенбал им беа поделени чоколади.

Истото се случуваше и во останатите училишта каде советниците од Советот на Општина Петровец учествуваа на маскенбалот и им поделија чоколади на сите дечиња. Беа прикажани голем број на креативни маски кои беа изработени од самите дечиња со помош на своите родители. На маскенбалот присуствуваа и голем број на родители кои ракоплескаа на прикажаните маски од страна на учесниците на маскенбалот. Маскенбалот помина во општо расположение и насмевки на сите присутни на оваа манифестација која се организира секоја година по повод денот на шегата 1-ви април.

Comments are closed.

Close Search Window