Вести|

По три дена работа на отстранување на проблемот со затната канализација во населено место Петровец, конечно проблемот се реши. Екипите на ЈКП Петровец и Пожарна Скопје работеа заедно на одзатнувањето на канализационата мрежа, каде присуствуваше и градоначалникот Борче Митевски.

Проблемот настанал кога некој несовесен граѓанин фрлил смет (ќебе) во канализационата мрежа и истото предизвикало запушување на мрежата. Вакво нешто пред извесен период се случило и во канализационата мрежа во населено место Ржаничино. Градоначалникот Митевски упатува апел до сите жители на територијата на Општина Петровец, да не фрлаат отпадоци и други предмети во шахтите и канализационата мрежа за да не би дошло до запушување на истата и фекалиите да се вратат во домовите. За подобар проток на фекалната вода вградена е и трета пумпа која може да врши испумпување на 900 литри во минута.

Comments are closed.

Close Search Window