Вести|

Градоначалникот Борче Митевски денес беше во населено место Ржаничино, каде се одвиваат градежни активности со ископ на улица 5. Улицата е во должина од 330 метри и истата треба да биде асфалтирана и пуштена во употреба за десетина дена.

По завршување на улица 5, градежните активности ќе продолжат и на улица 2 исто така во населено место Ржаничино која е во должина од 800 метри и истата треба да биде асфалтирана за дваесетина дена. Вредноста за изработка и асфалтирање на двете улици изнесува 6.000.000 денари, а средствата во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец.

Comments are closed.

Close Search Window