Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 42/16), Општина Петровец, донесе
Одлука за неспроведување на стратегиска оцена
- За планскиот документ ЛУПД за ГП.Бр.1.1 на КП.Бр.1251, 1253, 1254 и КП.Бр.1255 и дел од КП.Бр. 1252/1, (со намена Г-2 Лесна и незагадувачка индустрија), КО.Ќојлија, Општина Петровец, кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина.
- Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Петровец, www.petrovec.gov.mk
- Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став(4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и формуларите за потребата од
спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на планскиот документ ЛУПД за ГП.Бр.1.1 на КП.Бр.1251, 1253, 1254 и КП.Бр.1255 и дел од КП.Бр. 1252/1, (со намена Г-2 Лесна и незагадувачка индустрија), КО.Ќојлија, Општина Петровец нема да има негативно влијание врз животната средина од следните причини: Предметниот плански опфат за кој се изработува ЛУПД за ГП.Бр.1.1 на КП.Бр.1251, 1253, 1254 и КП.Бр.1255 и дел од КП.Бр. 1252/1, (со намена Г-2 Лесна и незагадувачка индустрија), КО.Ќојлија, Општина Петровец е со планиран опфат од 1.60ha. Вкупната површина на планскиот опфат претставува Г-2 Лесна и незагадувачка индустрија. Донесувањето на планскиот документ опфаќа мала област од локално значење и нема да има значително негативно влијание врз животната средина. Ќе се овозможи валоризација и афирмација на просторот и задоволување на потребите на жителите на овој плански опфат. - Против оваа одлука може да се поднесе жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.
ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ
Градоначалник
Борче Митевски дипл.есс