Населеното место Ржаничино доби уште една пешачка патека поплочена со павер елементи. Патеката е со должина од 330 метри и започнува од центарот во Ржаничино а завршува до последната автобуска станица на линијата 52 на ЈСП Скопје.
![](https://petrovec.gov.mk/wp-content/uploads/2021/02/148158609_2936633386606532_1918099186442006726_o-1024x577.jpg)
Оваа патека е од посебно значење за жителите на овој дел од населеното место, каде движењето на пешаците а особено децата, го прави побезбедно. Средствата за овој проект во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец.