ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ
Комисија за спроведување на постапка за јавно наддавање
Комисијата за спроведување на постапки за отуѓување на градежно земјиште по пат на јавно наддавање, постапувајки по службена должност во врска со ОБЈАВА бр.58, за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно надавање, врз основа на член 56, став 7 од Законот за градежно земјиште („Службен весник на Република Македонија“, бр. 15/15, 98/15, 193/15, 226/15, 31/16, 142/16, 190/16,275/19), Комисијата за спроведување на постапките за јавно наддавање, a согласно Заклучок бр.14-117/1 од 20.01.2021г го донесе следното:
РЕШЕНИЕ
Објава бр.58 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавање, кое претставува Д3 спорт и рекреација со компатибилна класа на намена А4,Б1,Б2,Б3,Б4,Б5,Б6,В3,Д1, кое претставува КП бр. 464, КП бр.467, дел од КП бр.459, КП 471/1 и КП бр.530/1 КО Долно Коњари, со вкупна површина од 98.948 м2, предвидена со ЛУПД за намена Д3 спорт и рекреација со компатибилни класи на намени одобрено со Решение бр.09-21 од 28.06.2019, предмет на Објава бр.58, СЕ ПОНИШТУВА.
О б р а з л о ж е н и е
Општина Петровец даде објава во дневните печатени медиуми Нова Македонија, Вечер, Лајм Службен весник на РСМ на ден 30.12.2020 год. за отуѓување на градежно неизградено земјиште,
сопственост на Република Северна Македонија, предвидено со ЛУПД предвидена со ЛУПД за намена Д3 спорт и рекреација со компатибилни класи на намени одобрено со Решение бр.09-21 од 28.06.2019, предмет на Објава бр.58, СЕ ПОНИШТУВА.
Согласно Законот за градежно земјиште во Геодетски елаборат за геодетски работи за посебни намени за нумерички податоци со деловоден број 0801-295/3 -2020 од 01.10.2020 година во
Имотен лист 769 КО Долно Коњари постои Договор за долгорочен закуп како и во Имотен лист 67, Имотен лист 746 во КО Долно Коњари не е извршена промена на култура при што постапката за
отуѓување на градежно земјиште кое претставува Објава бр.58 не може да се спроведе и истата е потребно да биде поништена за што донесе заклучок за запирање на постапката број 14-117/1 од 20.01.2021 година.
Согласно член 56 став 7 од Законот за градежно земјиште, комисијата со Заклучок може да ја запре постапката за јавно наддавање, доклку настанат непредвидени околности кои би го оневозможоле водењето на постапката за отуѓување или давање под закуп на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на јавно наддавање. Донесениот заклучок е основ за поништување на објавата за што комисијата донесува решение.
Согласно горе наведеното, Комисијата за спроведување на постапки за отѓување на градежно земјиште по пат на јавно наддавање одлучи како во диспозитивот на ова решение.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова решение може да се изјави жалба во рок од 15 дена од приемот, до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос од втор степен.
ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ
Градоначалник,
Борче Митевски
Заклучок за поништување на Објава бр.58 | |
Решение за поништување на Објава бр.58 |