Јавни повици|

Врз основа на член 50 став 1 точка 16, а во врска со став 1 точка 11 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/02) и Програмата за мерките и активностите на Општина Петровец во областа на социјалната заштита во 2026 година бр. 07-4240/9 од 17.12.2025 год. (Сл. гласник на Општина Петровец бр. 3) и Одлука на Совет бр. 07-3476/6 од 16.11.2026 год., Градоначалникот на Општина Петровец објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

За доделување на еднократна парична помош од 2.500 денари наменета за пензионери во социјален ризик.

Право да се јават на овој повик имаат:

  • пензионери кои се жители на Општина Петровец;
  • приматели на старосна, семејна, инвалидска или социјална пензија чиј износ не е повисок од 23.000,00 денари.

Барањето може да се подигне од Архивата на Општина Петровец, а во прилог на барањето да се достават следниве документи:

  • Фотокопија на важечка лична карта на барателот;
  • Фотокопија од трансакциска сметка на барателот;
  • Доказ од последна примена пензија (потврда/чек издаден од Банката во која се прима пензијата) за корисниците на старосна, семејна или инвалидска пензија;
  • Потврда/Решение од надлежниот Центар за социјална работа за корисниците на социјална пензија (корисници на правото на социјална сигурност на стари лица).

Барањето со потребната документација се доставува во Архивата на Општина Петровец.

Барањата треба да се достават до 31.12.2026 година. Исплатата ќе биде реализирана на почетокот на 2027 година.

ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ
Градоначалник
Борче Митевски

Comments are closed.

Close Search Window
↑