Известувања|

Врз основа на член 27 став 5 и член 50 од Законот за урбанистичко планирање (“Сл.весник на РСМ” бр. 32/20 год.) Градоначалникот на општина Петровец, објавува

С О О П Ш Т Е Н И Е – П О В И К

Се организира Јавна презентација и Јавна анкета на предлог-Урбанистички план вон населено место Ќојлија за мултифункционална зона-изменување и дополнување на Блок 3, Општина Петровец.

Изработката на планската документација за УПВНМ Ќојлија за мултифункционална зона-изменување и дополнување на б лок 3 , Општина Петровец, претставува континуитет на урбаниот развој во рамките на општината. Урбанизирањето односно условите за изградба и уредување на просторот од аспект на потребите за развој на локалитетот во рамките на планскиот опфат, претставува појдовен елемент во методолошкиот пристап при изработка на УПВНМ Ќојлија за мултифункционална зона-изменување и дополнување на блок 3, Општина Петровец. УПВНМ Ќојлија за мултифункционална зона-изменување и дополнување на блок 3, Општина Петровец се изработува за период од 2026 до 2031 година и преку планот ќе се добијат одговори на низа прашања од кои зависи добрата организираност на просторот, односно негово вклопување и активирање во можностите за функционалност, комплементарност, атрактивност, комуникативност и флексибилност како фрагмент од урбаната структура.

Вкупната површина на планскиот опфат изнесува 14,7ха.

Наменската употреба на земјиштето и градбите е уредена на ниво на наменски зони. Наменска зона е ограничена површина од градежното земјиште со иста наменска употреба на земјиштето. Согласно Правилникот за за урбанистичко планирање (Сл. весник на РСМ бр. 225/20, 219/21, 104/22, 99/23, 7/25, 143/25, 241/25, 30/26, 87/26), во границите на планскиот опфат дефинирани се градежни парцели и јавно земјиште со следните класи на намени:

  • Б1 – Мали единици за комерцијални и деловни дејности
  • Б2 – големи единици за трговија
  • Б4 – деловни и комерцијални дејности во големи канцелариски згради
  • Б5 – Хотели и хотелски комплекси
  • Г2 – Лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија и помалку загадувачки постројки за производство на енергија
  • Г4 – Стоваришта, складови и отпади
  • Д2 – Заштитно и сообраќајно зеленило
  • Е1 – Сообраќајни, линиски и други инфраструктури
  • Е2 – Згради и комплекси на инфраструктурните системи.

Нацрт–планот ќе биде изложен на:

  • Огласната табла пред Општина Петровец – с. Петровец.
  • Времето на излагање на планот ќе трае 35 дена со почеток од 11.11.2026 год. до 15.12.2026 год. Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица своите забелешки, предлози и мислења можат да ги донесат на посебни анкетни листови (можат да добијат во просториите на општина Петровец) и во елелтронска форма преку информацискиот систем е- урбанизам. За повеќе информации сите лица можат да се обратат во Одделението за урбанизам, просторно планирање, комунални дејности заштита на животната стредина и локален економски развод во просториите на Општина Петровец.

Јавната презентација на Предлог планот ќе се одржи на ден 11.11.2026 год. со почеток во 12:30 часот во зградата на Општина Петровец.

ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ
Градоначалник
Борче Митевски

Синтезен планpdf
Анкетен листpdf

Comments are closed.

Close Search Window
↑