Известувања|

Врз основа на член 27 став 5 и член 50 од Законот за урбанистичко планирање (“Сл.весник на РСМ” бр. 32/20 год.) Градоначалникот на општина Петровец, објавува

С О О П Ш Т Е Н И Е – П О В И К

Се организира Јавна презентација и Јавна анкета на предлог-Урбанистички план вон населено место за локалитет Катранджица, КО Ржаничино, Општина Петровец.

Изработката на планската документација Урбанистички план вон населено место за локалитет Катранджица, КО Ржаничино, Општина Петровец, претставува континуитет на урбаниот развој во рамките на општината. Урбанизирањето односно условите за изградба и уредување на просторот од аспект на потребите за развој на локалитетот во рамките на планскиот опфат, претставува појдовен елемент во методолошкиот пристап при изработка на Измени и дополнувања на Урбанистички план вон населено место за локалитет Катранджица, КО Ржаничино, Општина Петровец. Со изработка на Урбанистички план вон населено место за локалитет Катранджица, КО Ржаничино, Општина Петровец за период од 2023 до 2028 година ќе се добијат одговори на низа прашања од кои зависи добрата организираност на просторот, односно негово вклопување и активирање во можностите за функционалност, комплементарност, атрактивност, комуникативност и флексибилност како фрагмент од урбаната структура.

Вкупната површина на планскиот опфат изнесува 9,56ха.

Согласно Правилникот за за урбанистичко планирање (Службен весник на РСМ, број 225/20, 219/21, 104/22, 99/23, 7/25, 143/25, 241/25), во границите на планскиот опфат дефинирани се градежни парцели и јавно земјиште со следните поединечни основни класи намени:

  • А4.3 – викенд куќи и други објекти за времено сместување
  • Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани
  • Е1.8 – инфраструктури за пренос на ел. енергија- трансформаторска станица
  • Д2.1 – разделно зеленило
  • Е1.1 – сообраќајни патни инфраструктури.

Нацрт–планот ќе биде изложен на:

  • Огласната табла пред Општина Петровец – с. Петровец.
  • Времето на излагање на планот ќе трае 35 дена со почеток од 11.11.2026 год. до 15.12.2026 год. Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица своите забелешки, предлози и мислења можат да ги донесат на посебни анкетни листови (можат да добијат во просториите на општина Петровец) и во елелтронска форма преку информацискиот систем е- урбанизам. За повеќе информации сите лица можат да се обратат во Одделението за урбанизам, просторно планирање, комунални дејности заштита на животната стредина и локален економски развод во просториите на Општина Петровец.

Јавната презентација на Предлог планот ќе се одржи на ден 11.11.2026 год. со почеток во 14:00 часот во зградата на Општина Петровец.

ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ
Градоначалник
Борче Митевски

Синтезен планpdf
Анкетен листpdf

Comments are closed.

Close Search Window
↑