
Градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, заедно со претседателот на Советот на Општина Петровец, Жарко Крстевски, и дел од советниците, положија цвеќе во знак на почит кон паднатите борци и жртвите од граѓанската војна.
Со положувањето цвеќе беше оддадена почит и кон македонските и грчките борци кои биле ранети и лекувани во Болницата во Катлановска Бања, како и кон сите оние кои ги загубиле своите животи во воените страдања.
Општина Петровец со оваа активност го одбележува споменот на жртвите и придонесот на сите учесници во историските настани, со почит кон нивната жртва и сеќавање на минатото.

