Вести|

Градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, заедно со претседателката на ОК Петровец на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Узелац, присуствуваше на официјалната промоција на проектот „Градски воз“ на релација Зелениково – Скопје.

На настанот присуствуваа и претседателот на Владата на Република Македонија, проф. д-р Христијан Мицкоски, и министерот за транспорт, Александар Николоски.

Проектот „Градски воз“ претставува активност насочена кон подобрување на транспортната поврзаност и олеснување на секојдневното патување на граѓаните од Општина Зелениково кон Скопје.

Општина Петровец ја поздравува реализацијата на проектот и неговото значење за унапредување на јавниот превоз и поврзаноста на општините во скопскиот регион.

Comments are closed.

Close Search Window
↑