
Во ООУ „Кочо Рацин“ во Општина Петровец се одржува Државниот натпревар „Куп на Македонија“ за кадети, јуниори и натпреварувачи до 21 година. Натпреварот се одржува во текот на два дена, со учество на млади натпреварувачи од земјата.
Државниот натпревар официјално го отвори градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, а на настанот присуствуваа и претседателот на Советот на Општина Петровец, Жарко Крстевски, и директорката на ООУ „Кочо Рацин“, Виолета Јаневска.
Во рамки на натпреварот, градоначалникот Митевски ги додели медалите на најуспешните натпреварувачи, со што беше оддадено признание за нивниот постигнат резултат и вложениот труд.
Како знак на благодарност за придонесот и поддршката, на градоначалникот Борче Митевски му беше доделена плакета од организаторите на натпреварот.
Општина Петровец продолжува да поддржува спортски настани и активности за младите, придонесувајќи кон создавање услови за развој на спортот и афирмација на младите таленти.

