Вести|

Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, градоначалниците на Општина Илинден и Општина Аеродром, Александар Георгиевски и Бобан Стефковски, како и претседателот на Регионалниот фудбалски сојуз – Скопје, Дарко Костовски, присуствуваа на настанот одржан во Општина Илинден.

Во рамки на настанот, пред присутните се обрати и градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, кој истакна дека Општина Петровец и во иднина ќе продолжи со поддршката и вложувањата во спортот и младите, со цел создавање подобри услови за нивниот развој и активно учество во спортските активности.

На фудбалските клубови им беше доделена конкретна поддршка во форма на фудбалски топки, лаптоп-компјутери, тренерки и друга спортска опрема, наменета за унапредување на условите за работа и реализација на спортските активности.

Општина Петровец останува посветена на поддршката на спортските клубови и младите спортисти, како дел од активностите за развој на спортот и создавање услови за нивно активно вклучување во локалната заедница.

Comments are closed.

Close Search Window
↑