
Градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, оствари средба со претставници на „Open Fun Фудбал Петровец“, на која беше разговарано за нивното претстојно учество на меѓународен семинар што ќе се одржи во Софија, Република Бугарија, од 23 до 27 септември 2026 година.
На семинарот се очекува учество на претставници од 10 европски земји, што претставува можност за размена на искуства, воспоставување нови контакти и унапредување на активностите поврзани со развојот на спортот и фудбалот.
Претставниците на „Open Fun Фудбал Петровец“ упатија благодарност до градоначалникот Митевски за досегашната поддршка, која опфаќа финансиска и материјална помош, обезбедувана од нивната прва средба до денес.
Општина Петровец продолжува да ги поддржува спортските здруженија и иницијативи кои придонесуваат за вклучување на младите во спортот, развој на спортските активности и промоција на општината на меѓународно ниво.

