
Денес, градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, заедно со министерот за спорт на Република Македонија, Борко Ристовски, и членовите на Советот на Општина Петровец, присуствуваа на свеченото отворање на повеќенаменското игралиште во населеното место Долно Коњари.
Со реализацијата на овој проект, жителите на Долно Коњари добиваат нов современ простор за спорт и рекреација, кој ќе придонесе за унапредување на спортскиот живот и активностите на младите.
Градоначалникот Митевски изрази благодарност до Владата на Република Македонија и Министерството за спорт за обезбедените средства за изградба на игралиштето, истакнувајќи ја важноста на ваквите инвестиции за локалната заедница.
Воедно беше нагласено дека во наредниот период ќе продолжат активностите за реновирање и уредување и на останатите игралишта на територијата на Општина Петровец, со цел создавање подобри услови за спорт и рекреација за сите граѓани.




