Вести|

Градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, заедно со претседателот на Советот, советниците, претставници на општинската администрација и директорите на училиштата, подели новогодишни пакетчиња на сите дечиња од прво до трето одделение во основните училишта на територијата на општината, како и во детската градинка „Авионче“.

Вкупно беа поделени 560 новогодишни пакетчиња, со што Општина Петровец и оваа година ја продолжи традицијата на внимание и грижа кон најмладите.

Градоначалникот Митевски се обрати пред дечињата и им посака многу здравје, радост и среќа, како и успех во учењето, упатувајќи им желби за весели и среќни новогодишни празници.

Насмевките и радоста на детските лица беа јасен показател за значењето на овој гест, кој Општина Петровец континуирано го реализира како дел од својата посветеност кон најмладите и кон создавање празнична атмосфера во образовните установи.

Comments are closed.

Close Search Window