Вести|

Претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз Гази Баба, Дарко Костовски, му додели благодарница на градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, за несебичната поддршка, довербата и континуираната посветеност во развојот на фудбалот.

Признанието претставува потврда за заложбите на Општина Петровец во создавање подобри услови за спортски развој, како и за системската поддршка на младите таленти и фудбалските клубови на локално ниво.

Со вложувањата во спортската инфраструктура и поддршката на спортските организации, Општината придонесува кон развојот на идни спортисти и репрезентативци кои ќе ги бранат боите на Република Македонија на меѓународната спортска сцена.

Ова признание ја потврдува определбата на Општина Петровец за континуирано унапредување на спортот како важен сегмент од општествениот и младинскиот развој.

Comments are closed.

Close Search Window