

Градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, заедно со пратеничката во Собранието на Република Македонија, Марија Петрушевска, извршија увид на новопоставените справи за вежбање на отворено во населените места Петровец и Ржаничино, како и на новоизградената трибина на фудбалскиот терен на Фудбалскиот клуб „Ржаничино“.
Средствата за реализација на овие проекти се целосно обезбедени од Буџетот на Општина Петровец. Со нивното поставување, жителите добиваат можност за рекреација и спорт на отворено, со што се поттикнува здрав начин на живот и активна заедница.
Во рамките на програмата за подобрување на спортската инфраструктура, Општина Петровец најавува дека вакви теретани на отворено ќе бидат поставени и во останатите населени места по завршување на локалните избори.