
Општина Петровец во изминатиот период спроведе акција за чистење на дивите депонии кај православните гробишта во Петровец, како и долж патот кон населеното место Долно Коњари, на локацијата позната како Кисела Вода.
Со овие активности се придонесува кон унапредување на хигиената и заштитата на животната средина, како и кон создавање почиста и поздрава околина за жителите на општината.
Општина Петровец останува посветена на редовно чистење и санација на дивите депонии, а во наредниот период ќе продолжи со вакви активности и во останатите населени места на својата територија.