
Градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, заедно со пратеничката во Собранието на Република Македонија, Марија Петрушевска, извршија увид на новоасфалтираните пет краци на улица број 7 во населеното место Ржаничино.
Со овој инфраструктурен зафат се подобрува локалната патна мрежа и се овозможува полесен и побезбеден пристап за жителите на ова населено место.
Проектот претставува дел од континуираните активности на Општина Петровец за унапредување на патната инфраструктура во сите населени места, со цел создавање подобри услови за живот и развој на локалните заедници.
Општината продолжува со реализација на нови инфраструктурни проекти согласно годишната програма за работа и приоритетите на граѓаните.