Известувања|

Врз основа на член 69 од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 111/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18), („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 89/22,  171/22 и 3/25) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 147/08 и 45/11), Градоначалникот на Општина Петровец организира:

КОНСУЛТАЦИЈА СО ЈАВНОСТА
по Нацрт извештај на стратегиска оцена на влијанието врз животната средина за Урбанистички План за село Ржаничино со разработка на блок 6 и 7, Општина Петровец

Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животната средина е достапен за јавен увид на веб страната на Општина Петровец од 30.09.2025 година до 30.10.2025 година, како и во канцелариите на Општина Петровец (Одделение за урбанизам, просторно планирање, комунални дејности и заштита на животната средина). 

Во согласност со законските барања, а со цел да се постигне поголема транспарентност и вклученост на јавноста, Градоначалникот на Општина Петровец организира консултацијата со јавноста по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животната средина на ден 24.10.2025 година (петок), во просториите на Општина Петровец, во 11.00 часот.

Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на консултацијата со јавноста и да го дадат своето мислење, забелешки и предлози по Нацрт Извештајот.
Истите може да ги испраќаат на: contact@petrovec.gov.mk или по пошта на следната адреса: Општина Петровец ул. 1 бб, 1000 Скопје најдоцна до 30.10.2025 година. 

ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ
Градоначалник
Борче Митевски

Нацрт извештајpdf

Comments are closed.

Close Search Window