Вести|

Градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, денес присуствуваше на САЕМ-ОТЧЕТ „Четири години работа за тебе“, кој се одржа во хотел „Холидеј Ин“ во Скопје.

Во своето обраќање, градоначалникот Митевски истакна дека Општина Петровец и во иднина ќе продолжи посветено да работи на реализација на уште поголем број проекти. Целта е создавање на модерна, развиена и урбана општина која ќе обезбеди подобар квалитет на живот за сите свои граѓани.

Со ваквите активности, Општина Петровец потврдува дека останува доследна во исполнување на својата мисија за одржлив локален развој и унапредување на инфраструктурата и јавните услуги.

Comments are closed.

Close Search Window