

Градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, потпиша два значајни договори со цел унапредување на локалната инфраструктура и подобрување на условите за живот на граѓаните.
Првиот договор е склучен со фирмата „ЕМРАХ ИНТЕРТРАНС ДООЕЛ“ и опфаќа изградба на канализациона мрежа на четири улици во населеното место Огњанци, како и асфалтирање на две улици во истото населено место. Градежните активности ќе започнат во рок од три до четири дена.
Вториот договор е склучен со фирмата „ГАМА ГРАДБА ДООЕЛ“ за асфалтирање на пристапен пат од населеното место Средно Коњари до населеното место Дивле, во должина од 6.500 метри. И на оваа траса градежните активности ќе започнат во рок од три до четири дена.
Со реализацијата на овие проекти, Општина Петровец продолжува со континуирани инвестиции во инфраструктурен развој и унапредување на животниот стандард на сите жители.