
Градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, денес изврши увид на три новоасфалтирани улици на територијата на општината.
Две од улиците се наоѓаат во населеното место Петровец – улица бр. 2 и крак од улица бр. 10. Третата улица е во населеното место Ржаничино, на катастарска парцела 257/1.
Со овие инфраструктурни зафати, во вкупна должина од 515 метри, Општина Петровец значително придонесува за подобрување на условите за сообраќај и квалитетот на живот на жителите во овие населени места.