
Градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, заедно со носителот на листа, Жарко Крстевски, доделија 100 маички на дечињата од фолклорното друштво „Етно Ѕуница“ – Петровец.
Во своето обраќање пред најмладите членови, градоначалникот Борче Митевски им вети дека Општината и понатаму ќе продолжи финансиски да ги поддржува како културно-уметничко друштво, бидејќи тие се вистински претставници на нашата култура и традиција.
Преку своите настапи, „Етно Ѕуница“ ја пренесува и афирмира македонската култура не само на територија на нашата држава, туку и надвор од нејзините граници. Поддршката од Општина Петровец претставува потврда за значењето на ваквите друштва како чувари на националниот идентитет и традицијата.