Вести|


Градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, заедно со пратеничката Марија Петрушевска, советниците и претставници од општинската администрација, присуствуваше на официјалното започнување на градежните активности за изградба на нов културен дом.

Според планот, објектот се очекува да биде изграден во рок од една година. Средствата за реализација на проектот, во висина од 29.664.698 денари, се обезбедени од Владата на Република Македонија преку унгарскиот кредит.

Со изградбата на овој културен дом, Општина Петровец ќе добие нов современ простор за културни настани, собири и активности од значење за локалната заедница.

Comments are closed.

Close Search Window