
Градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, заедно со носителот на листата Жарко Крстевски, на покана на месното население во Бадар присуствуваа на прославата по повод 25 години од постоењето на манастирот „Свети Атанасиј“.
По повод овој значаен јубилеј, црковниот одбор му додели благодарница на градоначалникот Борче Митевски за неговите вложувања и поддршка во развојот и унапредувањето на црковниот комплекс.
Со оваа активност, Општина Петровец уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон зачувување и поддршка на духовното и културното наследство во општината.